Постојат безброј позитивни страни од сексуалното самозадоволување, но во некои случаи се јавуваат и негативни ефекти на кои треба да внимавате.
Иако отсекогаш спаѓала во табу теми, мастурбацијата е сосема нормална – историски извори сведочат дека ја практикувале старите Грци и Римјани, а дури и на пештерските цртежи од праисторијата може да се најдат цртежи на самозадоволување. Станува збор за секојдневна и вообичаена активност и природен и безбеден начин да ги истражиме сопственото тело и сексуалноста, како и да се ослободиме од сексуалната тензија.
Освен позитивните, постојат и негативни ефекти од мастурбирањето и тие лошо може да се одразат на секојдневниот и сексуалниот живот.
Чувство на вина
Психолошкото влијание, односно чувството на вина е чест негативен ефект од мастурбирањето. Иако ваквиот вид достигнување на сексуално задоволство не е ниту погрешно, ниту неморално, некои луѓе и понатаму го гледаат како срамотен или грешен чин.
Зависност
Во некои случаи мастурбирањето може да доведе до зависност, на начин на кој тоа се случува со алкохолот или наркотици, значи со биолошка промена како последица.
Ако сте забележале дека поради самозадоволување прескокнувате некои секојдневни обврски или активности, откажувате планови во последен миг, отсуствувате од работа и слично, веројатно имате проблем кој бара разговор со стручно лице.
Полош сексуален живот
Забележани се ретки, но можни случаи на луѓе кај кои мастурбацијата го нарушила секојдневниот сексуален живот и повеќе би минале време сами со себе гледајќи некој порно филм отколку да водат љубов со партнерот/партнерката. Има и случаи кога повеќе не можат да достигнат исто задоволство со партнерот како кога се самозадоволуваат.
Физички проблеми
Во екстремни случаи кај мастурбација, особено кај луѓето зависници, може да се појават болка и модринки во пределот на гениталиите и слично.
Дистанцирање од партнерот
Доколку сте во врска или брак, а претерувате со мастурбација, особено ако користите порно како стимуланс, може да го нарушите емотивниот односот со партнерот.
Бројни истражувања покажаа дека порно филмовите можат да го подобрат сексуалниот живот на паровите, но ако претерате во гледање можно е емотивно да се дистанцирате и да создадете нереални очекувања.