Внимателно со внесот на протеини: Преголема количина може да ги оштети артериите

popara20 февруари, 20241min00
1708420167-pexels-tima-miroshnichenko-5327508-750x500

Протеинските шејкови се еликсир за многу бодибилдери и рекреативци кои сакаат да ги зајакнат или „тонираат“ мускулите и да ја обликуваат својата фигура во теретаните бидејќи на телото му се потребни протеини за обновување на мускулите и ткивата.

Но, со ништо не треба да се претерува.

Добивањето повеќе од 22 проценти од калориите во исхраната од протеини, обично од јајца, месо и млеко, може негативно да влијае на стврднувањето на артериите, состојба што на крајот може да резултира со мозочен удар, срцева слабост и срцев удар.

Ова го покажаа резултатите од тестовите направени на лабораториски глувци и луѓе спроведени од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Питсбург, а објавени во списанието Nature Metabolism.

Таа студија сугерира дека зголемувањето на внесот на протеини во обид да се подобри метаболичкото здравје не е лек.

„Ако претерате, може да ги оштетите вашите артерии“, предупреди професорот по кардиологија и коавтор на студијата, д-р. Бабак Разани.

Резултатите од истражувањето на тим експерти од Питсбург покажаа дека леуцинот, есенцијална аминокиселина во протеинот за градење мускули и го активира протеинот познат како mTOR кој ја активира синтезата на мускулните протеини, „непропорционално влијае на започнувањето на патолошките патишта поврзани со развојот на атеросклероза и стврднување на ѕидовите на артеријата“.

Тие забележаа дека нивното истражување покрена дополнителни грижи, како што е прашањето што се случува кога едно лице троши повеќе од 15 проценти од дневните калории од протеини како што е препорачано од USDA (Одделот за земјоделство на Соединетите Држави).

Експертите предупредуваат дека треба да бидете внимателни и да дознаете која е оптималната количина кога тоа вклучува внес на протеини кои влијаат на растот на мускулите, но во исто време не ги оштетуваат артериите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag