ВОЈНИЧКИ ТРИК ПРОТИВ НЕСОНИЦА Пробајте го вечерва, ќе заспиете за две минути!

popara9 август, 20241min00
Screenshot_9

Малку работи фрустрираат како несоницата. Доколку сте од оние луѓе што имаат тешкотија да заспијат, имаме добри вести. Постои воен трик со кој се заспива за само две минути.

 

 

 

 

Се вели дека овој трик го користат војниците во американската армија за да заспијат на места што се далеку од мирни, на пр., боиштата. За трикот пишува во книгата „Релаксирај се и победи: шампионски перформанс“ од 1981 г.

 

Еве што треба да направите:

 

– Релаксирајте ги мускулите на лицето, вклучувајќи го и јазикот, вилицата и мускулите околу очите.

– Опуштете ги рамената, спуштајќи ги надолу заедно со рацете, прво на едната рака, а потоа и на другата.

– Издишете, опуштете ги градите, а потоа и нозете, започнувајќи со бутовите.

– Во следните 10 секунди треба да се обидете да го избистрите мозокот пред да почнете да замислувате една од следниве слики: лежите во кану на мирно езеро и не гледате ништо освен чисто сино небо над вас; лежите на лежалка во црна просторија; си повторувате „не размислувај, не размислувај, не размислувај“ околу 10 секунди.

 

Се вели дека овој трик функционира за околу 96% од луѓето по одреден период на вежбање. Лекарите препорачуваат просечно осум часа квалитетен сон секоја ноќ. Недостигот на сон може да доведе до здравствени проблеми, како дебелина, висок крвен притисок и срцева болест.

 

Доколку не функционира трикот, експертот за спиење Најл Стенли вели дека најважниот фактор кога станува збор за заспивањето е смирувањето на умот. Нема магичен начин како да го направите ова, туку треба да го најдете методот што функционира за вас, без разлика дали тоа е читање, топла бања, чај од камилица, ароматерапија или слушање музика, вели Стенли.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag