Во зима на кожата на рацете ѝ е потребна дополнителна нега, ЕВЕ КАКО можете да направите природни препарати дома

popara8 февруари, 20241min00
Screenshot_5

Ако сакате рацете секогаш да ви бидат меки и мазни, а кожата еластична, одвојте малку време за нив

 

 

 

Големите студови ја сушат кожата, па затоа треба да ги мачкате рацете со крем пред да излегувате од дома и задолжително носете ракавици. Редовно мачкајте ги со хидратантни кремови и повремено нанесувајте природни маски што можете многу лесно да ги направите дома.

 

Како рацете да не ви бидат суви?

 

Пилингот е важен, како за целото тело, така и за рацете. Важно е да ги отстраните мртвите клетки од кожата, а тоа може да го направите многу едноставно, без да купувате козметички препарати.

 

Измешајте малку кристален шеќер и маслиново масло и истријте ги рацете со таа смеса.

По пилингот, нахранете ги со крем или маска.

 

Кога ќе се стават во топла вода, овесните снегулки помагаат за обнова на кожата.

 

Наполнете сад со топла вода и во неа ставете малку овесни снегулки. Ставете ги рацете внатре и држете ги таму некое време. Кожата ќе стане мека и мазна од слузта што ја создаваат овесните снегулки.

Ако имате чувствителна кожа склона кон сушење, користете гумени ракавици кога миете садови или го чистите домот. Тие нема да го дозволат измивањето на природните маснотии од рацете, но и ќе ги заштитат од хемикалиите што се наоѓаат во средствата за миење и чистење.

 

Може да ги намачкате рацете со гел од алое вера кој е одличен за кожата, ја прави еластична, мазна и хидрирана. Освен тоа, оваа билка има антибактериски својства и ја ублажува иритацијата на кожата.

Луѓето со екстремно сува кожа може да ги намачкаат рацете со хидратантен лосион или крем и да ги стават во ракавици навечер.

 

Во текот на ноќта, кремот ќе се впие во кожата и рацете ќе бидат добро хидрирани. Ако не сакате да си го нарушите сонот со ракавици на рацете, може да го правите ова и неколку часа додека гледате телевизија.

 

Нанесете хидратантен лосион или крем по миењето раце. Така ќе го спречите сушењето на кожата што го предизвикува сапунот.

 

 

Природни препарати за нега на рацете

Маска од компири

Сварете два поголеми компири и направете пире, во кое ќе додадете малку млеко. Ставете ја смесата на рацете додека се’ уште е топла и држете ја додека не се излади.

Потоа, измијте ги рацете и намачкајте ги со крем. Оваа маска е одлична за многу суви и испукани раце и може да ја нанесувате секој ден.

 

Маска од мед и овесни снегулки

Измешајте пет лажици овесни снегулки со две лажици мед, една лажица маслиново масло и една лажица млеко.

Нанесете ја смесата на рацете, па навлечете памучни ракавици.

По половина час, измијте ги со млака вода.

 

Тоник од мед и портокал

Загрејте сок од еден портокал и лажица мед, додека не достигне млака температура. Внимавајте да не го загреете премногу, бидејќи ќе се уништат хранливите состојки.

Потоа нанесете го тоникот на рацете со вата, тапкајте ги околу 10 минути или додека не ја потрошите целата течност.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma