Холивудската актерка Дру Баримор предизвика бура од коментари на мрежите откако ги покажа условите во кои живее.
Актерката сними видео во кое покажа дека го гледа филмот „The Wedding Singer“ и плаче, но многумина веднаш забележаа дека нејзината дневна соба е далеку од луксузна.
Дру лежеше на каучот, додека пред неа имаше мала комода со телевизор на неа.
„Изгледа сака старомоден декор“, „Ми се допаѓа што живее во таква скромна куќа“, „Можеби е хотел“, „Зошто има толку мал телевизор? Што се случува, вознемирена сум “, „Треба да ти купиме поголем телевизор“, „Во какви услови живееш?“, се дел од коментарите.
View this post on Instagram
– Те сакам многу, Адам Сендлер. „The Wedding Singer“ се појави на мојот телевизор кога требаше да излезам од дома, но не можев да го пропуштам и морав да го гледам – истакна Дру во видеото.
Адам Сендлер ѝ одговори на актерката и и посака се најдобро во Новата година, а потоа додаде дека многу ја сака.