Вниманието на жителите на Њу Џерси го привлекоа страсните бакнежи и прегратки на американската актерка Блејк Лајвли со темнокос маж. Дефинитивно не се работеше за нејзиниот сопруг, канадско-американскиот актер Рајан Рејнолдс, па минувачите во петокот вечерта застанаа на улица за да дознаат што се случува. Камерата и тимот асистенти кои ја чуваа актерката и нејзиниот колега Џастин Балдони ги убедија фановите на омилениот холивудски пар дека се работи за работа, а не за љубовна врска.
Имено, снимена е љубовната сцена на филмот „It Ends With Us“ според истоимениот роман на Колин Хувер, во режија и копродукција на Џастин Балдони. Една од најубавите филмски ѕвезди и мајка на четири деца, таа е и копродуцент на овој романтичен филм, кој треба да се појави во кината во летото 2024 година. Покрај совршено одглумените бакнежи на Блејк Лајвли и нејзиниот колега, вниманието го привлече необичниот аутфит на Џастин Балдони, ѕвездата од серијата „Jane the Virgin“. Имено, тој бил облечен во тренерка со дезен на детски пижами. Во филмскиот стајлинг на сопругата на Рајан Рејнолдс доминираше моден разигран принт, надополнет со спортски чизми, пишува Daily Mail.
Ѕвездата на „The Age of Adaline“ ја толкува улогата на Лили Блум, која по факултетот и тагувањето за загубата на нејзиниот татко, се вљубува во докторот Рајл Кинкејд. Самоуверен, тврдоглав, донекаде арогантен, не ја крие својата аверзија кон врските. Кога во нејзиниот живот се враќа нејзината поранешна љубов, Атлас Кориган, ситуацијата се усложнува…
Снимањето на филмот минатата година беше прекинато на половина работа, поради штрајкот на Холивуд, но на почетокот на месецов се се врати во нормала. Фотографиите од сетот го обиколија светот (не секој ден ја гледате Блејк Лајвли како се бакнува со друг маж), а сега социјалните мрежи со нетрпение го очекуваат одговорот на нејзиниот смешен сопруг.
Познато е дека Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли сакаат да се потсмеваат со објави на Инстаграм, а бидејќи и двајцата имаат смисла за хумор, шегите на вљубената двојка го насмеат целиот свет. Ќе биде интересно да се види што ќе смислат овојпат родителите на трите ќерки и новото бебе кое го добија во февруари 2023 година (не открија дали имаат девојче или момче, ниту името на детето).