Џенифер Лопез го одбележа својот 55-ти роденден со екстравагантна забава во стилот на „Бриџертон“, а потоа го прослави својот ден со пријателите во светкав и проѕирен фустан на Dior Haute Couture со сребрени детали во Nick & Toni во Хемптонс.
Џенифер со младешкиот изглед пркосеше на нејзините години. Латино убавицата го комплетираше овој гламурозен аутфит со сандали на платформа и шик чанта, додека нејзината долга коса беше фатена во високо опавче.
Впечатлив накит го заокружи ова сензационално издание на убавата Џеј Ло, но сите се прашуваа само едно – каде е нејзиниот сопруг Бен Афлек, кого одамна никој не го видел во нејзино друштво.