Во слатко друштво: По дебаклот на Оскарите, Бредли Купер се забавува со ќерка му во Дизниленд

popara14 март, 20241min00
o_32642683_1280

Откако не освои ниту една награда на овогодинешните Оскари, актерот Бредли Купер најде утеха во своето семејство. Купер е фотографиран во лежерен амбиент со својата ќерка Леа Де Сејн, која на 21 март ќе наполни седум години, а таткото и ќерката се забавувале во Дизниленд во Калифорнија.

Купер беше расположен и покрај тоа што се врати дома со празни раце од неодамнешното доделување на Оскарите и покрај тоа што неговиот филм „Маестро“ беше номиниран за престижната награда Оскар во три категории – најдобар филм, најдобар актер и најдобро сценарио.

image

Во филмот глумеше и неговата ќерка Леа, помладата верзија на ќерката на американскиот композитор и пијанист Леонард Бернштајн – Џејми. Актерот доби ќерка со 38-годишната руска манекенка Ирина Шајк во 2017 година, две години откако започна нивната романса. Две години по раѓањето на нивната ќерка, парот реши да тргне по својот пат, но и покрај разделбата, тие останаа во добри односи пред се поради нивната ќерка. Колку се блиски, потврдува и фактот што Шајк го запознала својот поранешен партнер со неговата сегашна девојка, исто така манекенката Џиџи Хадид.

Дека е сериозен во врска со неа, може да се погоди по изборот на локацијата на неговиот нов имот. Имено, тој неодамна купил дом во општината Њу Хоуп во Пенсилванија, кој се наоѓа во близина на имотот на мајката на Џиџи и поранешна манекенка – Јоланда Хадид. Но, на овогодинешното доделување на престижната филмска награда Оскар не пристигна во друштво на својата нова девојка, туку во друштво на неговата мајка Глорија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag