Враќање на класиката: После плочите, и касетите почнаа да се „враќаат во мода“

popara21 септември, 20241min00
Jakarta,,Indonesia,-,6,August,,2023:,Numerous,Cassete,Tapes,Displayed

Нил Бектон е сопственик на продавница за плочи во Вашингтон речиси две децении. Сепак, овие денови клиентите не купуваат само плочи. Пред неколку години, Бектон морал да посвети дел од продавницата на касети.

„Касетите почнаа да се продаваат повеќе можеби во последните две години. Порано продавав по една месечно, а сега ги продавам речиси секој ден“, изјави Бектон за Гласот на Америка.

Овој тренд е присутен и на други места. Според истражувањето на компанијата за податоци и анализа на забавната индустрија Luminate, минатата година во Америка биле продадени повеќе од 430.000 касети – пет пати повеќе отколку во 2014 година.

Ова го покрена прашањето зошто аналогната музика е повторно популарна, кога стриминг на дигитални платформи е толку лесен. Енис, жител на Вашингтон, вели дека има подобро искуство кога слуша музика на плочи или касети.

„Тие некако ја убија музиката што ми се допадна, бидејќи стриминг сервисите прават сопствен избор и микс на песни. Она што најмногу ми се допаѓа кај плочите е тоа што можам да уживам во целиот материјал“.

Бектон вели дека касетите се особено популарни меѓу генерацијата Z, чии членови се родени во доцните 1990-ти и подоцна. Овие клиенти бараат одредени ленти на интернет и во продавниците.

„Во моментов претежно помладите сакаат касети. Можеби неколку постари кои сè уште ги имаат, како и магнетофон, но најчесто се работи за деца“, објаснува Бектон.

Касетофоните од 1990-тите сè уште можат да се најдат на платформи како што е eBay. И на YouTube, помладата генерација може да научи стари трикови како брзо премотување лента со пенкало или како да ја користи за диџеј-сет.

Музичарот Бартоломеј Џојс има неколку стотици касети и на нив ја снима својата музика.

„Луѓето се само љубопитни. Ако сте пораснале во последните 20 години, не сте сретнале касети. И тие се возбудливи бидејќи се толку класични“, вели Џојс.

Дуа Липа, Тејлор Свифт и Аријана Гранде се меѓу популарните пејачки кои одговорија на зголемената побарувачка и издадоа албуми со касети. Британската пејачка Мери Спендер смета дека касетите се само логично продолжение на растечкиот тренд на популарноста на грамофонските плочи во изминатата деценија.

„Тоа беше нешто конкретно што можев да им го понудам на моите обожаватели, нешто што тие можат да го држат во свои раце, да соберат и прикажуваат и да слушаат музика“, вели Спендер.

Според магазинот „Билборд“, минатата година најпродаваната касета со музика од филмот „Чувари на галаксијата“ беше најпродаваниот албум во Америка, а по неа беше албумот на Тејлор Свифт.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag