Време е малку да се опуштиме: Нутриционистка разби митови и откри кои намирници сепак можеме повеќе да ги консумираме

popara8 март, 20241min00
Bread with lard

Многумина мислат дека свинската маст е лоша и нездрава, но вистината е токму спротивна.

Моника Реинагел е светски позната нутриционистка која често дава совети за здрава исхрана и ги отфрла митовите за храната. Таа откри кои намирници, иако веруваме во спротивното, можеме почесто да ги консумираме.

Црно кафе

Се покажа дека редовното консумирање црно кафе е добро за зголемување на добриот холестерол и за намалување на воспалението. Кафето е богато со антиоксиданси кои го штитат срцето и клетките, а доколку не претерате, нема потреба да го исклучувате од секојдневната исхрана, пишува City Magazine.

Стек

Црвеното месо, тврди Реинагел, има лоша репутација поради сите погрешни причини. Филе мињон и бифтек фламбе се парчиња кои се нутритивно многу силни и затоа се добри за здравјето на срцето. Црвеното месо е добар извор на протеини, железо, витамини од групата Б, цинк и други хранливи материи, а содржи и мононезаситени масти, слични на оние од маслиновото масло, па затоа се препорачува негово консумирање.

Свинска маст

Бројни студии покажаа дека свинската маст има 33% помалку заситени („лоши“) масти од путерот, двојно повеќе „добри“ мононезаситени масти и три пати поголем дел од омега 3 масни киселини. Иако нутриционистката советува дека примарен извор на маснотии треба да остане маслиновото масло, таа не гледа ништо лошо во тоа што свинската маст е втора на вашата листа. Би-би-си пишува дека свинската маст е одличен извор на витамини од групата Б и минерали.

Компири

Доколку ја намалувате количината на сол што ја консумирате во еден ден, треба да го зголемите внесот на калиум, советуваат нутриционистите. Јадете свежо овошје, зеленчук и цели зрна, а еден од најдобрите извори на калиум е компирот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag