Доколку претпочитате да пиете газирана вода од обична вода, не треба да се грижите дали таа има штетно влијание врз вашето здравје. Освежува и хидрира, исто како и обичната вода и нема никакво штетно влијание врз организмот.Студијата од 2012 година објавена во Журналот за нутриционалната наука и витаминологија покажа дека пиењето газирана вода може да направи да се чувствувате подолго сити и може да помогне да ја задржите храната подолго во стомакот, пренесува Nova.rs.
Хормонот на глад грелин и хормонот на ситост лептин делуваат на рецепторите во грлото и стомакот, создавајќи чувство на помал или поголем апетит. Газирана вода делува на зголемување на нивото на лептин и го зголемува чувството на ситост. Затоа чаша или две газирана вода со оброк го намалува апетитот и е корисна за сите видови диети.
Газирана вода нема штетно влијание врз нашето здравје. Таа е без калории и без шеќер, а поради специфичниот вкус, многу луѓе претпочитаат да пијат повеќе од него. Создава чувство на ситост, особено ако се пие на празен стомак, а со тоа го подобрува варењето и е одличен сојузник за слабеење.
Можете да се опуштите и слободно да го пиете вашиот омилен пијалок, газирана минерална вода – шампањ меѓу водите. Со него ќе имате помала грижа за доброто здравје.