Познатата пејачка и поранешна фронтменка на популарниот бенд “No Doubt”, позираше за насловната страница на магазинот “Nylon”, а воедно откри и некои детали од приватниот живот.
Гвен Стефани одлично ја започна оваа година. Покрај тоа што познатиот фестивал Коачела повторно ги обедини членовите на бендот “No Doubt”, пејачката позираше и за насловната страница на списанието “Nylon”. Гвен уште еднаш воодушеви со својот изглед и фит фигура. Пејачката, која во октомври ќе го прослави својот 55-ти роденден, позираше во четири смели модни комбинации: црн и сребрен мини фустан; долг, црвен фустан од латекс и црна кожна комбинација со нитни. Сепак, најмногу внимание перивлече во смел „гол“ тесен комбинезон со светки и пердуви.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Стефани зборуваше за магазинот за бременоста, мајчинството и воспитувањето на нејзините три сина Кингстон, Зума и Аполо. Таа имаше деца во бракот со нејзиниот поранешен сопруг, британскиот музичар Гевин Росдејл. По разводот со Гевин, Стефани се заљубила во колегата Блејк Шелтон. И двајцата беа ментори во американската верзија на музичкото шоу „The Voice“. Во тоа време Стефани беше ментор на популарното музичко шоу „The Voice“, каде што го запозна нејзиниот сегашен сопруг Блејк Шелтон во 2014 година.
Таа зборуваше и за несигурностите со кои се соочила во еден момент од бракот и ги демантираше гласините дека се разведува.
„Никој ништо не ни може. Можете да кажете што сакате за нашата врска, но вистината е една, а ние знаеме која е вистината“, рече Гвен.
Нејзината нова песна „Purple Irises“ случајно се претвори во дует со нејзиниот сопруг Блејк зборува за тоа како навидум совршениот живот не е како што треба, а сега во интервју проговори дека и врската со нејзиниот сегашен сопруг била во привремена криза,но дека и денес се среќни. Вистина е дека сум заљубена во мојот најдобар пријател“, изјави пејачката.
Што се однесува до музиката или турнејата со No Doubt, таа откри дека се уште ништо не е планирано со нив, но вели дека е отворена за сите опции.