Кога пржиме или динстаме кромид најчесто ситно го сечкаме и го ставаме во соодветен сад на оган. За хамбургери, салати, сендвичи и тортиљи, најсоодветно е кромидот да е тенко исечен на прстени или ленти.
Еве генијален трик за сечкање прстени и ленти кромид, совршени за хамбургери и салати, кои излегуваат тенки како професионалните готвачи.
Ако сте вешти со нож и ако е доволно остар, сечкањето на овој начин не е толку тешка задача.
Од друга страна, доколку еден или двата од овие два услови не се исполнети, а брзате, постои трик за едноставно и брзо сечкање на кромид на кришки и ленти, по што ќе заборавите да користите нож.
Ќе ви треба само една вилушка (по можност стара за да не ја оштетите новата) и лупач за компири, краставици, тиквички и друг зеленчук со кора. Мора да биде обликуван како во следното видео каде што е прикажано како се сечка кромид на овој начин.
@casa_tips White or red onion? which one do you prefer to eat ? Tell us in the comments. A fork + a strong peeler made in Germany = epic win ! #kitchenhacks #vegetablepeeler #casatips
Главата од кромидот залепете ја на вилушка и држете ја како на видеото, а потоа почнете да го сечкате кромидот со лупачот. Ќе добиете исклучително тенки прстени или ленти од кромид, совршени за вашиот оброк.