Познатата пејачка, актерка и претприемач дефинитивно е меѓу оние кои не се плашат да експериментираат кога се во прашање модните стилови и фризури. Тешко е да се сетите на сите нијанси и фризури кои до сега ги има испробано убавата Рири.
Музичката ѕвезда од Барбадос носеше и медена коса, беше бринета, црномуреста, но и црвенокоса. Во март, познатата 36-годишна Ријана драстично ја скрати косата и стана русокоса, а деновиве беше забележана во Њујорк со најкратката коса досега, ги покажа своите природни локни со светли прамени.
Таа комбинираше топ, бунда, чанта од Louis Vuitton и тренди широки панталони, а необичниот изглед кој само таа може да го извлече го комплетираше со сандали со потпетици, серија ланчиња и стејтмент обетки.