Моника Белучи (59), италијанска актерска дива, која покрај талентот се одликува и со класичната медитеранска убавина, беше многу забележлива на ревијата на Сен Лоран во рамките на Миланската модна недела.
Волшебната Италијанка, која по разводот со Винсент Касел ја пронајде љубовта со познатиот режисер Тим Бартон, овојпат ја одигра и картата на безвременската елеганција во ‘all black’ изглед на кој му е верна со години.
Комбинезонот го искомбинирала со ефектен кожен капут, а оваа шик модна комбинација ја заокружила со црни очила за сонце и генијална слоевита фризура со додаток на лесни шишки и за миг ги симнува годините од лицето. Овој стил е одличен за позрели дами кои сакаат да го освежат својот имиџ без да се откажат од долгата коса.