Чајот мача, познат како природен стимуланс на метаболизмот, станува сè попопуларен поради неговите многубројни придобивки.
Овој традиционален јапонски чај во прав не само што има малку сладок вкус, туку е богат и со катехини и витамини А, Б, Ц и Е.
Во последно време стана омилен додаток во кафулињата, но и во подготовката на храната
Освен што го стимулира метаболизмот и помага за побрзо согорување на маснотиите, чајот од мача е познат и по својата способност да ги отстранува токсините од телото.
Може да се користи не само во пијалоци, туку и во смути или како додаток на разни јадења.
Можете да го додадете во тесто, њоки, па дури и во супа. Чајот мача е одличен зачин во јадењата, но може да го збогати и вкусот на домашниот сладолед или разни десерти.
Важно е да се напомене дека децата и трудниците не треба да конзумираат прашок од мача, а неопходна е претпазливост и кај лицата со хронични заболувања.
Пред да започнете со користење на чајот од мача, се препорачува да се консултирате со лекар или специјалист.
За да го подготвите чајот, зовријте вода на температура од околу 60°C, во водата додадете 1-2 грама прашок и мешајте додека чајот не стане пенлив.
Оставете го да отстои три до пет минути и испијте го веднаш за да ги искористите неговите целосни придобивки.