Ги чисти цревата и го забрзува метаболизмот: Брза лимон диета

popara9 јуни, 20241min00
Screenshot_3

Лимонот делува многу позитивно врз губење на телесната тежина, па ако сакате да си ја зголемите виталноста, елиминирате токсините од телото и да се ослободите од вишокот на тежина, ние имаме решение за вас.

 

 

Лимон диета е план за детоксификација на организмот дизајниран од Стенли Бароуз. Тој ја напишал книгата уште во 40-тите години на минатиот век, а неговата популарност трае до денес.

Планот за исхрана на детоксикација првенствено е дизајниран за чистење на црниот дроб, за да ве натера да се чувствувате свежи и полн со енергија.

 

Детоксикација на организмот

 

Пред да започнете со диетата, треба да го исчистите телото од акумулираниот отров. Тоа не значи дека треба да постите! Со изгладнување на организмот, давате сигнал дека се случува недостиг на храна, па наместо да го прочистите, телото ќе произведува уште поголеми резерви.

 

Затоа, цел ден јадете овошје и зеленчук и пијте многу вода, тоа ќе ви помогне да ги отстраните токсините од вашето тело.

 

Поттикнете го процесот на детоксикација со чаша лимонада во текот на денот. Основниот рецепт се состои од лимон и  јаворов сируп.

За подготовка на лимонада, измешајте две супени лажички свежо исцеден сок од лимон и 300 ml вода со 2 кафени лажички јаворов сируп. Подготвената лимонада треба да се пие за време на гладната фаза. Од него, телото ќе ги добие сите потребни протеини, витамини и минерали. Можете исто така да пиете смути од зеленчук или овошен чај и да јадете домашна супа од зеленчук.

 

На крајот од денот ќе се чувствувате свежо и енергично, а ќе изгубите од 500 гр до 1 кг (во зависност од тежината и обликот на телото).

 

План за детоксикација

(трае 24 часа)

 

Пијалок веднаш по будење:

Чаша лимонада

 

Појадок: (30 минути откако ќе излезете од кревет)

Овошна салата (јагоди, малини, капини, боровинки и цреши)

Јаболко, круша, јогурт и бадеми

 

Утринска закуска:

Чаша лимонада

Банана

Неколку семки сончоглед или семки од тиква

 

Ручек:

Салата од грав и леќа со лимон, оцет и маслиново масло

 

Попладневен оброк:

Чаша лимонада

Лесна салата од краставица, ротквица и целер или неколку јаткасти плодови плодови

 

Вечера:

Риба со сок од лимон

Зеленчук на пареа

 

1 час пред спиење:

Чаша млака или топла лимонада

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag