Филмот „Argylle“ со нетрпение се чекаше од 2021 година, кога првично требаше да биде прикажан, но поради бројните одложувања, лондонската премиера ја имаше дури синоќа.
Една од причините за популарноста на оваа шпионска драма е пејачката Дуа Липа, која за прв пат се најде во главна улога на филм, и целосно го оправда статусот на ѕвезда на црвениот тепих.
Една од најпопуларните пејачки на денешницата носеше гламурозен црвен фустан целосно покриен со светки,тесниот крој ги истакнаа нејзините облини и витката фигура во најдобро светло.