Велигденските празници се идеално време за слатки задоволства, а еден од омилените во многу семејства е дефинитивно гнездото торта
СОСТОЈКИ:
- 250 гр корнфлекс
- 200 гр чоколадо за готвење
- 200 гр сечкани ореви
- 250 гр маргарин
- 7 лажици мед
- 5 лажици шеќер
За декорација:
- Бонбони во форма на јајца
Подготовка:
На тивок оган растопете го маргаринот со чоколадото, медот и шеќерот. Се трга од оган, се додаваат оревите и иситнетите корнфлекси. Промешајте да се соединат. Обложете кружен сад со алуминиумска фолија и истурете ја добиената смеса.
Израмнете, покријте и ставете во фрижидер да се стегне. Свртете на чинија за колачи, отстранете ја фолијата и украсете го врвот со чоколадни јајца.