Apple почна да повлекува одредени модели на iPhone од пазарот на Европската унија поради новите регулативи.
Технолошкиот гигант ги отстранува моделите како iPhone SE, iPhone 14 и iPhone 14 Plus од онлајн и физичките продавници во Европската унија.
Според The Verge, овие модели станале недостапни во швајцарските онлајн продавници минатата недела, а истото би требало да се случи и во остатокот од Унијата денес.
Причината е новата директива која бара сите нови телефони што се продаваат во Европската унија да имаат USB-C полнач.
Споменатите уреди се последните модели на Apple со Lightning конектор.
Новите правила го натераа Apple да се префрли на USB-C во 2023 година со лансирањето на iPhone 15.
Исто така, воведен е и USB-C полнач за слушалките AirPods и AirPods Max.