Големо враќање на Адријана Лима: Повторно станува ангел на “Victoria’s Secret”, погледнете го видеото кое го најавува спектаклот

popara16 октомври, 20244min00
Адријана-Лима

„Врискам, мама се врати!“, е коментарот кој ги преплави социјалните мрежи, а причина е големото враќање на Адријана Лима! Светскиот топ модел се враќа на модната писта, токму онаа која и донесе светска слава и популарност. Лима, која сега има 43 години, на Инстаграм објави видео кое беше споделено и на страницата на “Victoria’s Secret”, во кое на забавен начин објави дека се враќа на ревијата.

На видеото се гледа како таа влегува во такси, а на прашањето на таксистот: „Каде?“, Лима одговара: „Одам дома“. „Како, по ѓаволите, знам каде е вашата куќа“, вели изнервираната таксист, на што манекенката одговара: „Извинете, на ревијата на Victoria’s Secret“. Во тој момент Адријана погледнува во камерата и со насмевка вели: „Се вратив“. Погледнете го клипот:

 

„Кралицата се врати во кралството“, „Врискам, буквално“, „Не можам да земам здив“, „Мама е повторно тука“, се само дел од коментарите на видеото. Оваа убава вест доаѓа по долгогодишно паузирање со кое се соочи Адријана Лима.На Адријана ќе и се придружат Џиџи Хадид, Палома Елсесер, Иман Хамам, Кендис Свонепул, Грејс Елизабет, Тејлор Хил, Барбара Палвин, Беахта Принсло, Ешли Греам, Јасмин Тукис и многу други. Ревијата ќе биде достапна за следење во живо на Tiktok, Instagram, YouTube и Amazon. Главен водител на шоуто е познатата Шер, а ќе настапат и раперките Тајла и Лиза. Да потсетиме, Адријана Лима се раздели со модниот бренд во 2018 година, по 20 години и 18 заеднички ревии.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma