Актерката Тилда Свинтон, позната по својот впечатлив, андроген стил, одамна не се грижи што другите мислат за неа, па не може да изненади ниту нејзиниот необичен љубовен живот, за кој смета дека е ништо друго освен досаден.
Тилда Свинтон е позната по тоа што го живее животот по свои правила, не дозволувајќи конвенционалните норми да го обликуваат нејзиниот пат. Оваа необична филозофија, заедно со нејзините неконвенционални животни избори, често стануваат главна тема во светските медиуми, обезбедувајќи ѝ на јавноста неисцрпен извор на интриги.
Еден од аспектите на нејзиниот живот кој често привлекува внимание е нејзиниот љубовен живот. Имено, познатата актерка долги години својот дом во Шкотска го делела со партнерот Џон Брн, кој е 21 година постар од неа. Заедно добиле близнаци, што на прв поглед може да изгледа како приказна која се вклопува во традиционалните рамки.
Меѓутоа, љубовниот живот на Тилда не застанал на едноставниот брак со Џон. Имено, во нивниот дом живеел и германскиот сликар Сандро Коп, кој бил љубовник на Тилда. Сандро е дури 18 години помлад од Тилда, а нивната врска не била тајна. На Џон Бирн, иако свесен за оваа врска, не му пречело, што им овозможило на децата да растат во средина со двајцата родители и дополнителното присуство на уметникот.
Тилда Свинтон во едно интервју изјавила: „Сè уште го сакам Џон, но се заљубив и во Сандро, па ова беше единственото разумно решение. Тоа што сум со Сандро не значи дека треба да го завршам животот со таткото на моите деца. Сите сме едно семејство“.
Иако овој „разумен“ аранжман изгледал како идеално решение за сите вклучени, не траел долго. Тилда и Сандро набрзо се иселиле од заедничкиот дом. Денес Тилда и Сандро се и официјално пар и често заедно се појавуваат во јавноста, продолжувајќи да будат љубопитност и фасцинација.
„Сето тоа е прилично здодевно. Јас и таткото на моите деца сме многу добри пријатели, а сега сум во среќна врска со друг. И сите сме пријатели. Животот не мора да биде комплициран. Мора да имате сочувство и да не се обвинувате себеси кога работите ќе се искомплицираат“, своевремено изјавила актерката во интервју.