Нашите баби секогаш го чуваа далечинскиот управувач во ќеса. Иако беше невообичаено за нас, ние никогаш не го доведувавме во прашање методот. Денес е јасно дека бабите добро знаеле зошто е тоа корисно.
Легендата вели дека далечинскиот управувач за сите видови уреди ќе трае подолго доколку го ставите во некаква фолија.
Овој корисен изум бил развиен од Јуџин Поли, кој работел во Зенит Електроникс 47 години како инженер.
Тој го претставил на јавноста во 1955 година, се викал Flash-Matic и користел светлина како извор на енергија.
Пред неговиот изум се обиделе да измислат далечински управувач кој бил поврзан на кабел со телевизорот, но тоа било неуспешно.
Интересно е тоа што по смртта на Поли, портпаролот на Зенит Електроникс изјави дека секогаш го имал првиот далечински управувач со него.
Ако мислите дека бабите оставиле најлон на далечинскиот управувач затоа што не знаеле да го извадат – се лажете. Еве пет причини зошто е корисно:
1. Децата нема да го извалкаат
Фолијата е одлична за оние кои сакаат да јадат и да менуваат програми во меѓувреме. На овој начин храната ќе остане на фолијата која подоцна лесно се чисти. А особено е одлично ако имате деца.
2. Работи подобро
Далечинските управувачи се многу попродуктивни ако се покриени со малку најлон. Дури тогаш ќе сфатите дека ви работат копчињата за кои не ни знаете за што служат.
3. Батериите ќе траат подолго
Батериите траат до три пати подолго од вообичаеното ако далечинското е покриено со најлон. Оваа информација може да биде корисна за секој кој е премногу мрзлив да ги замени батериите кога тие веќе не работат.
4. Заштитува од паѓање на трошки меѓу копчињата
Ако далечинското е на масата додека јадете, многу е лесно парче леб да заврши меѓу копчињата. Тогаш имате проблем затоа што ќе треба да го извадите со чепкалка за заби, а ако имате најлон – тоа нема да се случи.
5. Животните не сакаат најлон, па ќе го заобиколат вашето далечинско
Ако имате домашно милениче, особено ќе ви биде корисно ставањето најлон на далечинското. Колку пати вашето куче го земало далечинскиот управувач и го сокрило некаде во куќата? Ова ќе стави крај бидејќи вашето куче воопшто нема да сака најлон.