Го користиме секојдневно, но не знаеме што всушност значи – парфем

popara22 октомври, 20241min00
62932601-parfem

Дали некогаш сте се запрашале што всушност значи зборот „парфем“?

Императорот Нерон организирал раскошни гозби каде маслото од роза и јасмин ќе се истураат во фонтаните, исполнувајќи го воздухот со мирисни ноти. На Блискиот Исток, практиката на Bakhoor – палење темјан и скапоцено дрво за збогатување на облеката и просторот со мирис – сè уште е дел од секојдневниот живот, внесувајќи миризлив луксуз во секој момент.

Така, потеклото на зборот парфем доаѓа од латинскиот израз per fumum, што во превод значи преку чад. Пред повеќе од 2.500 години, старите Римјани и Арапи ја усовршиле уметноста на создавање и носење мириси.

Но, што ни значи парфемот денес? За многумина од нас тоа не е само додаток – парфемот е наш личен потпис, нешто што кажува кои сме и како сакаме да се чувствуваме во нашата кожа. Секој мирис има моќ да пренесе порака, да разбуди спомени или да предизвика чувство на сигурност и удобност.

Иако неговиот ефект е суптилен, парфемот може да го трансформира нашето секојдневие – една капка од нашиот омилен мирис може да не пренесе во друго време, да не потсети на саканата личност или едноставно да направи да се чувствуваме подобро, посамоуверено и попривлечно.

Истражувањата покажуваат дека мирисите директно влијаат на нашето расположение.

Топлите тонови на ванила и мошус можат да не смират, додека свежите цитрусни или цветни парфеми имаат стимулирачки ефект, зголемувајќи ја енергијата.

Парфемот е всушност невидлив моден додаток кој го избираме внимателно како облеката, бидејќи станува дел од нас, нашето секојдневие и начинот на кој комуницираме со светот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag