Го намалува крвниот притисок, одлична е за вашата крвна слика, а исто така и слабеете: диетата DASH ги полудува сите – резултатите се неверојатни

popara19 август, 20241min00
Screenshot_20

Можно е да влезете во фустанот кој е еден број помал и да го израмните стомакот, а да не се убиете од вежбање или нездраво да се храните.

 

 

 

Испробајте ја новата DASH диета, која во Америка стана популарна преку ноќ.

 

DASH диетата е осмислена да им помогне на луѓе кои страдаат од хипертензија, а американските доктори ја изгласаа како здрава диета.

 

Таа го намалува крвниот притисок, холестеролот и штити од дијабетес, а што е најдобро со неа може да изгубите вишок на килограми таман до празниците.

 

Диетата има две фази:

 

Фаза 1: Изгубете го стомачето за 14 дена

 

Во следните 14 дена за секој оброк јадете умерени количини од овие три групи на храна. Една порција месо, риба или пилешко треба да биде со големина на вашата дланка. Една дланка грав, јаткасти плодови, леќа или соја е доволна, а порција сирење или кашкавал треба да биде во големина на вашата дланка.

 

  1. Јадете храна која е богата со протеини и сиромашна со заситени масти, како што е:

 

–       Немасно месо

 

–       Риба или пилешко

 

–       Грав и леќа

 

–       Храна од соја

 

–       Немасно сирење

 

–       Јајца

 

–       Јогурт ( мала шолја на ден )

 

  1. Масти кои се здрави за срце, т.е. омега-три полинезаситени масти, на пример:

 

–       Авокадо

 

–       Растителни масла, особено маслиново, масло од репка, бадемово итн.

 

–       ( избегнувајте кокосово или палмино масло ).

 

  1. Храна која е богата со протеини и здрави масти:

 

–       Јаткасти плодови ( најдобро непечени и несолени ) и семки

 

–       Масна риба како што се лосос и скуша

 

Плус:

 

Било кое овошје, освен она кое е богато со скроб како што се компирот и пченката, може да се јаде во неограничени количини.

 

Забранета храна:

 

Леб, тестенини, компир, ориз, храна пржена на путер, слатка храна ( вклучувајки и овошје), алкохол, пијалоци со кофеин, млеко.

 

Шест чекори до успех:

 

Јадете три оброка на ден, плус три помали ужинки помеѓу оброците, за да ви биде стабилен шеќерот во крвта и за да избегнете напади на глад.

Избегнувајте напорно вежбање како што е трчање, аеробик или вежби со тегови. Наместо тоа, умерено вежбајте не повеќе од 30 мин. дневно, на пр. прошетајте или вежбајте јога.

Порано одете на спиење, бидејки енергијата ќе ви падне малку во првите две недели, но ќе се зголеми штом ќе преминете во втората фаза.

Пијте многу течности. Избегнувајте кафе и наместо тоа пијте осум чаши вода дневно, сок од зеленчук или овошен чај.

Не ја исфрлајте солта во целост, но користете ја умерено.

Опуштете се. Можеби ќе бидете фрустрирани во почетокот, но насочете се на успех, т.е. резултатите од вашето губење на килограми. Мерете се секој ден за да видите како напредувате. Ќе изгубите минимум 2,5 кг. во првите две недели.

 

Фаза 2: Продолжете да губите килограми и одржете го губитокот засекогаш

 

Продолжете да јадете протеини и многу зеленчук во секој оброк, но може да додадете интегрални житарки ( не повеќе од три порции, на пр. парче леб или пола шолја ориз ) и овошје ( две порции, на пр. една помала овошка или пола чаша овошен сок ) во секојдневната исхрана.

 

Може и да го засилите вежбањето со повеќе аеробик и вежби за обликување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma