Сите наши грижи, искуства, сите радосни и тажни вести, ни оставаат траги на лицето наречени брчки.
Брчките се оние кои ве издаваат дали се смеете, лутите или сте загрижени, па ако сакате барем малку да ги ублажите овие знаци за годините, обидете се со природно рибино масло.
Вклучете го во повеќе маски, за на кожата повторно да ви се види младост и безгрижност.
Рибиното масло содржи голема количина на витамини А и Е, кои ја забрзуваат регенерацијата на кожата, при што ја прават еластична.
Ако се борите со ситни брчки и старечки пеги, промешајте малку рибино масло со мрсна павлака и половина лажичка лимонов сок. Нанесете ја маската, но внимавајте да не допре до очите. По 20-30 минути отстранете ја, со измивање со чај од камилица.
Маската од рибино масло и мед ги измазнува длабоките брчки. Една лажичка мед промешајте со иста количина масло и со лесни движења нанесете ја смесата на лицето. Отстранете со марамче или крпа натопена во топла вода.
Чистото рибино масло е најефикасно средство за отстранување на брчките околу очите. Дерматолозите препорачуваат да се нанесува пред спиење.