Често се шминкаме набрзина и често забораваме дека треба да внимаваме на тоа дека самата шминка треба да остане убава, уредна и употреблива.
Пудрата ја нанесуваме по целото лице и бидејќи ја покрива најголемата површина, мора да внимаваме дали ја нанесуваме со правилен и чист апликатор.
На социјалните мрежи „одекна“ видео снимка од девојка, која го сече нејзиниот употребуван бјути блендер, поточно сунѓер апликатор за пудра. Сите потоа почнаа да ги проверуваат сунѓерите за да видат дали е време за нов.
Тиктокерката на својот профил го објави ова вирално видео кое е прегледано повеќе од 18 милиони пати.
На видеото се гледа како таа зема сунѓер за пудра и го преполовува. Таа потоа покажува дека мувла почнала да се формира во средината.
Ваквите апликатори се користат долго време и далеку сме од старите тенки и рамни сунѓери. Овие апликатори денес се „активираат“ со вода, поточно треба да го намокрите за да нарасне и убаво да ја нанесе пудрата. Дури и да го исцедите пред употреба, неизбежно е сунѓерот да ја задржува водата во него, а ова е уште еден доказ дека навистина треба да внимавате на редовно менување на „апликаторите“ за шминка.
@mycorneroftheuniverse 🥚🌸 lessee wats inside #beautyblender #moldybeautyblender #cuttingbeautyblender #beautyblendercutting 🤢🤮
Во коментарите можете да најдете многу совети за правилна употреба на бјути блендерот и совети за тоа колку треба да се менува.
– Знаеме дека за совршено нанесување на пудрата, нашиот сунѓер мора да биде влажен и тоа е доволно за да создаде мувла во рок од еден месец. Заменете ги вашите сунѓери со нови или мијте ги редовно! – пишува во еден коментар.