Многумина избегнуваат авокадо, бидејќи не знаат како да го вклучат во исхраната, а има и многу здравствени придобивки.Една од намирниците која е исклучително здрава, но многу малку се користи во исхраната, дефинитивно е авокадото. Најчеста причина е тоа што многу луѓе не се сигурни како да го подготват, па едноставно им е полесно само да го прескокнат кога пазаруваат.
Сепак, нутриционистката Ивана Мишиќ открива како точно можете да јадете авокадо, и кои се здравствените придобивки што ги добивате од него.
Авокадото може да се јаде на многу начини:
– како додаток на сендвичи или омлети
– како додаток на смути
– како вкусен прилог со сос, со разни меса или како намаз со сос
Зошто треба да го вклучите авокадото во вашата исхрана?
Богат е со здрави масти
Авокадото содржи мононезаситени масти, кои помагаат да се намали лошиот холестерол (ЛДЛ) и да се зголеми добриот холестерол (ХДЛ), а со тоа придонесува за здравјето на срцето.
Тоа е извор на влакна
Влакната во авокадото помагаат во регулирањето на варењето, го одржуваат здравјето на цревата и можат да помогнат во контролата на тежината.
Богат е со антиоксиданси
Авокадото содржи антиоксиданси како витамин Е и лутеин, кои помагаат во заштитата на клетките од оштетување предизвикано од слободните радикали.
Ја поддржува апсорпцијата на други хранливи материи
Мастите во авокадото помагаат во апсорпција на витамини растворливи во масти и минерали од друга храна, како што се витамините А, Д, Е и К.
Помага да се одржи здрава кожа и вид
Авокадото е богато со витамини Ц и Е, кои се од витално значење за здрава кожа, додека лутеинот и зеаксантинот придонесуваат за здравјето на очите.
Регулирање на апетитот
Авокадото е нискокалорична, но заситена храна која може да ве држи сити долго време, 100 g, што е просечна тежина на 1 авокадо, има 160 kCal.
Авокадото е богато со фолна киселина
Фолната киселина,може да придонесе за здравјето и плодноста на жените.
– Збогатете ги и зазеленете ги чиниите со оваа супер храна, која ќе го поддржи вашето општо здравје – заклучува нутриционистот.