Брусницата се богати со антиоксиданси и други соединенија кои помагаат во одржувањето на здравјето и го спречуваат растот на канцерогените клетки.
Иако не треба да пиеме повеќе од една чаша дневно, сокот е една од омилените намирници на многу луѓе. Оние кои не можат да го замислат секојдневието без него, дефинитивно треба да размислуваат за поздрави опции, односно природен сок без шеќер, кој наместо да му наштети, може да му помогне на организмот да биде поздрав и поотпорен на болести.
Меѓу ваквите поздрави варијанти, одличен избор е природниот сок од брусница, без додаден шеќер. Експертите за BestLife открија осум главни придобивки од редовното консумирање сок од брусница.
Превенција на инфекции на уринарниот тракт и бубрезите
Сокот од брусница содржи соединенија наречени проантоцијанидини кои го спречуваат развојот и задржувањето на бактерии, како што ешерихија, на ѕидовите на уринарниот тракт. Луѓето кои имале проблеми со честите инфекции на уринарниот тракт потврдиле дека тие се намалиле по редовното консумирање сок од брусница.
Здрави клетки
Со оглед на тоа што е богат со антиоксиданси, како што се флавоноиди и полифеноли, сокот од брусница помага во борбата против штетните слободни радикали, велат лекарите. Имено, антиоксидансите од брусницата го спречуваат растот и ширењето на одредени канцерогени клетки, особено оние кои се наоѓаат во дојката, дебелото црево и простатата.
Подобра работа на срцето
Покрај тоа што негативно влијаат на канцерогените соединенија и клетки, антиоксидансите од брусницата се вистински убијци на воспаленијата и го намалуваат лошиот холестерол, што го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Во соработка со калиумот ги опуштаат крвните садови.
Подобро варење и функционирање на цревата
Сокот од брусница содржи влакна кои се одлични за варење. Тие ги одржуваат цревата активни, а некои лекари тврдат дека можат да спречат и чир на желудникот. Редовното консумирање на овој сок ја намалува и можноста за воспаление во дигестивниот тракт.
Орално здравје
Брусницата ја намалува можноста за појава на бактерии кои се одговорни за формирање на забен камен и кариес, што гарантира поздрави заби и непца. Се разбира, ова е точно само ако пиете чист сок од брусница, а не со додаден шеќер.
Зајакнување на имунитетот
Брусницата содржи висок процент на витамин Ц, кој игра важна улога во градењето на белите крвни зрнца. Тие се клучни за нормално функционирање на имунолошкиот систем. Така, редовното пиење сок од брусница ќе ви помогне да се заштитите од болести и инфекции.
Посилни зглобови
Поради високата содржина на антиоксиданси и намалувањето на можноста за воспаленија, лекарите препорачуваат конзумирање на сок од брусница на луѓето кои боледуваат од артритис и други болести на зглобовите, бидејќи ќе ја ублажи болката и вкочанетоста.
Слабеење
Чистиот, природен сок од брусница е нискокалоричен и содржи големи количини вода, па затоа заситува и го намалува ризикот од прејадување. Покрај тоа, го намалува ризикот од дијабетес и отпорност на инсулин. Ја стимулира и работата и здравјето на црниот дроб, што е исто така многу важно во процесот на слабеење.