Домашните миленици, како што се кучињата и мачките, не само што се најдобрите крзнени пријатели, туку и позитивно влијаат на здравјето на сопственикот.
Го намалуваат стресот
Играњето со домашно милениче го зголемува нивото на окситоцин (хормон на среќа) во телото и истовремено го намалува нивото на кортизол (хормон на стрес). Расите кои најдобро помагаат во тоа се Јоркширскиот териер, боксер, лабрадор, кадрав бишон, дакел. Експертите од Универзитетот во Њујорк открија дека кога прават нешто стресно, луѓето се посмирени ако нивното куче е во близина.
Го намалуваат притисокот
Имањето домашно милениче го намалува високиот крвен притисок. Само 15 минути галење мачка може да го намали крвниот притисок и до 10 отсто, покажува истражувањето. Ова се случува 15 до 30 минути по галењето на мачката. Научниците веруваат дека помалиот притисок делумно е последица на спокојството што го чувствува сопственикот во друштво на својот миленик.
Тие ја ублажуваат болката
Миленичето може да биде најдобриот лек за хронични болки, како што се мигрена или ревматизам. Откриено е дека луѓето кои закрепнале по операцијата со своите миленици користеле помалку лекови против болки од оние кои немале домашно милениче.
Го регулираат холестеролот
Сопствениците на кучиња имаат значително помал холестерол и триглицериди од другите луѓе. Ова особено се забележува кај мажите, а се претпоставува дека причината е поздравиот начин на живот на сопствениците на кучиња. Експерти од Универзитетот во Мисури тврдат дека причина за тоа е секојдневната прошетка со миленикот.