Добро скроените фармерки му ласкаат на нашето тело. Тие можат да ги стеснат колковите, да го подигнат задникот и да ја издолжат фигурата. Поради големата понуда на различни кроеви и модели, често се случува макотрпната потрага по идеалните фармерки да заврши неславно.
За да избегнете основни грешки при купувањето фармерки, пред се е важно да ја знаете сопствената структура на телото и да го барате моделот кој најмногу ви стои.
1. Висока градба и три-четврт фармерки
На долгите нозе, ваквиот модел има ефект на скратување на фигурата и остава впечаток дека носите фармерки со погрешна големина.
Совет: Ретро фармерките во стилот на 70-тите и трапезните кроеви се одличен избор за сите високи дами, исто како и skinny моделите со класична должина и моделите со рамен крој.
2. Ниска градба и boyfriend фармерки
Овој модел на фармерки не им ласка на ниските жени бидејќи широките исечени и завиткани ногавици ќе им ја изедат фигурата и визуелно ќе ја скратат.
Совет: Ако сте ниски, изберете потесни фармерки кои допираат до глуждот или модели со класичен директен крој и висок струк.
3. Мускулести нозе и тесни фармерки
Доколку не сакате дополнително да ги истакнувате силните листови и нагласените мускули на бутовите, избегнувајте тесни фармерки. Но ако тоа ви е целта, слободно уживајте и во тесните модели.
Совет: Boyfriend фармерките, рамните класични модели или универзалниот boot cut во кој ногавиците се многу малку раширени на дното, се одличен избор за овој тип на фигури.
4. Тело во форма на јаболко и подвиткани фармерки
Дамите со тело во облик на јаболко имаат рамења кои се пошироки од нивните колкови, поголеми гради и потенки нозе. Избегнувајте модели со низок крој и до глужд, бидејќи таквиот крој ја нагласува непропорционалноста на телото и ги прави нозете уште пократки во однос на горниот дел.
Совет: Совршен модел на фармерки за вас се прави класични или оние со лесен трапезоиден крој што создаваат илузија на порамни колкови.
5. Тело со права градба и фармерки со низок струк
Со оваа градба не се истакнува ниту еден дел од телото, а фармерките со низок струк дефинитивно нема да дадат илузија на облини. Напротив, визуелно дополнително ќе ги намали задникот и колковите.
Совет: Совршените фармерки за оваа фигура секако се моделите со среден или висок струк и сите оние кои создаваат илузија на облини, како што се ѕвонарките.