Ако возите низ главниот град на Туркменистан, веројатно ќе забележите дека повеќето од автомобилите на патот се бели. Ова не е случајно. Уште во 2018 година беше донесена регулатива според која во главниот град Ашгабат е забрането возење на црни и светло обоени автомобили.
Никој не објасни зошто е донесена оваа бизарна одлука, иако многумина тврдат дека тоа е поврзано со суеверијата на поранешниот претседател на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов. Имено, тој верува дека белата боја носи среќа.
Не само што повеќето автомобили на патиштата се бели – со некои исклучоци, дозволени се и сребрени и златни автомобили, но тие мора да бидат беспрекорно чисти. Ако полицијата ве фати на пат со валкана кола, ќе мора да платите казна.
Ашгабат често се нарекува и бел град бидејќи сите нови згради од 2000 година натаму се изградени од бел мермер. Покрај тоа, главниот град на Туркменистан го држи рекордот за најголема концентрација на згради од бел мермер во светот.
Туркменистан е земја во Централна Азија и покрај Каспиското Езеро, создадена по распадот на Советскиот Сојуз, а се граничи со Казахстан, Узбекистан, Авганистан и Иран.
Иако има многу атракции, малкумина имаат можност да ги видат во живо. Владата не е заинтересирана за туризам, а според некои статистики одобрува само околу 10.000 туристички визи годишно.