Грешки во бракот кои водат до развод!

popara31 јануари, 20241min00
Screenshot_2

Ова се совети од експерти за брак и врска кои многу пати виделе слични причини за развод. Еве што не треба да се прави за да му се даде на бракот најдобра шанса за опстанок!

 

 

 

  1. Им зборувате на вашите пријателки за лошите работи кои тој ви ги направил.

 

Нашите пријателки се повознемирени кога некој не се однесува најдобро со нас, отколку што би биле вознемирени кога некој исто така би се однесувал со нив. Потоа додаваат масло на огнот, го мразите вашиот партнер заедно, што не е од никаква помош. Ако мора да кажете некому нека биде тоа една најдобра пријателка или експерт кој ќе ви даде стручен совет!

 

  1. Мислите дека зборувањето за проблемите со сопругот ќе ги реши.

 

Му кажувате што не ви се допаѓа, тој не разбира, му кажувате пак уште подетално – тој веќе се нервира и се чувствува дека го гушите, особено ако навистина не разбира или не се согласува дека згрешил. Вие заклучувате дека штом не се променил по првото кажување, не ве сака. Готово. Совет – научете ги вештините на разговор со мажите и поминувајте повеќе време заедно во забавни активности!

 

 

  1. Веруавте дека вашата среќа зависи од тоа дали вашиот сопруг ќе се промени.

 

Жените кои самите се промениле, и станале личност која сакаат да бидат, станале посреќни. Совет: Фокусирајте се да го извлечете најдоброто од себе, не да го менувате него.

 

  1. Живеете параеллни животи.

 

Тоа е најсигурниот начин сосема да се оддалечите еден од друг. Целата поента на бракот е да имате заеднички цели, да се интересирате еден за друг. Двојките кои бараат помош како пак да се поврзат откако децата им пораснале и заминале, сфаќаат дека веќе не се познаваат. Совет – интересирајте се еден за друг, за потребите и желбите на другиот!

 

  1. се фокусирате само на лошото.

 

Кога нема да ви бидат исполнети очекувањата, се фокусирате само на лошото. Тогаш и да прави добро – не важи, го гледате низ темни очила. Розовите очила се добри за опстанок на бракот, обидете се да го смените аголот на гледање на нештата!

 

  1. Користите два „смртоносни“ збора: јас заслужувам!

 

Тие зборови треба да се забранат. Звучат како барање и омаловажување на другиот. Наместо тоа, научете како да се вреднувате себеси повеќе, размислете што ви е важно во врската и како да го добиете тоа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag