Агенцијата за кредитен рејтинг AM Best (во натамошниот текст агенција) повторно ги потврди кредитните рејтинзи на Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав Ре за финансиска моќ „А“ (одлично) и долгорочен кредитен рејтинг на издавач „а“ (одлично) во текот на редовниот годишен преглед. Сите елементи од овогодинешните оценки се на исто ниво како и претходната година, и двете оценки ја задржаа стабилната среднорочна прогноза.
Агенцијата повторно ја оцени финансиската состојба на Триглав како многу солидна, а неговите оперативни перформанси како солидни, при што влијанието на деловниот профил и мнозинската државна сопственост врз кредитниот рејтинг на компанијата останува неутрално. При тоа, наведува дека Триглав има добро развиен систем за управување со ризик, кој што е соодветен за профилот на ризик и делокругот на деловното работење. Во потврдувањето на високиот кредитен рејтинг на Позаваровалница Триглав Ре, агенцијата го истакна нејзиното стратешко значење за Групацијата Триглав и изјави дека таа е добро интегрирана во неа.
Според AM Best, капитализацијата на Триглав достигнува највисоко ниво и е соодветно приспособена на ризиците, додека Триглав покажува и добра финансиска флексибилност со пристап до пазарите на акции и обврзници. Како позитивен фактор го споменува и тоа што во последните години Триглав постојано ја намалува изложеноста на производи со гарантиран принос во портфолиото на животното осигурување, а нивното влијание сега е ублажено со повисоките приноси од инвестициите како резултат на зголемувањето на каматните стапки.
Во текот на годините, Триглав постигна добри деловни резултати, а во своето работење има придобивки од конкурентни предности, кои вклучуваат водечка позиција во Словенија и регионот Адриа и добро диверзифицирана понуда. Во 2023 година, работењето на Групацијата Триглав беше негативно, под влијание на еднократни настани. Во 2024 година, Агенцијата очекува Групацијата да работи успешно, во согласност со нивото од последните години. Тоа го потврдуваат и добрите полугодишни резултати.
Соопштението на агенцијата е објавено на веб-страницата www.triglav.eu, во табот за односи со инвеститорите.
Заваровалница Триглав
Заваровалница Триглав е водечка словенечка традиционална осигурителна компанија и матична компанија на Групација Триглав. Се состои од мрежа од 6 регионални центри и повеќе од 50 деловни единици. Со повеќе од 500 искусни осигурителни агенти, присутни низ Словенија и напредни дигитални решенија, им нуди на клиентите совети и пристап до осигурување и финансиски услуги прилагодени на нив, вклучувајќи ги сите видови на лични и имотни осигурувања, како што се осигурување на имот и имотни интереси, автомобили, земјоделско, транспортно осигурување, патничко осигурување итн. Сеопфатната понуда на лични осигурувања се состои од сите форми на животно, ануитетно, пензиско, здравствено и осигурување од незгода.
Групација Триглав
Со своето знаење, искуство и финансиска моќ, Групацијата Триглав ја оправдува довербата на клиентите и другите засегнати страни речиси 125 години. Нејзината мисија е да гради побезбедна иднина. Таа е најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа и еден од лидерите во Југоисточна Европа, која работи во шест земји и седум пазари, како и на меѓународно ниво, преку партнерства со осигурителни брокерски, застапнички и реосигурителни компании. Клучните столбови на нејзиниот бизнис се осигурувањето и управувањето со средства. Вработува околу 5.200 луѓе. Групацијата Триглав одржува цврста финансиска стабилност, висока адекватност на капиталот и профитабилност во работењето, што е потврдено и со високиот кредитен рејтинг „А“ што го доби од две признати агенции за кредитен рејтинг. Главните вредности на компанијата се агилност, едноставност и доверливост. Нејзината визија е да постави стандард за исклучително корисничко искуство – секогаш и секаде. Со одржлива ориентација во работењето, таа е развојно ориентирана средина за вработените, поврзана со партнерите и стабилна, сигурна и профитабилна инвестиција за инвеститорите.