Дали белите дамки на ноктите значат дека сте сериозно болни?

popara22 мај, 20241min00
Screenshot_2

Порано се веруваше дека појавата на бели дамки и точки по ноктите подразбира дека на личноста нешто и недостасува, особено некои витамини и минерали. Сега е докажано дека тоа воопшто не е вистина.

 

 

 

 

 

Кај народот постои врежано мислење дека главната причина за настанување на бели дамки на ноктите (леуконихија) е недостаток на калциум, цинк и одредени витамини, а дека проблемот се решава со воведување на мултивитамински препарати во исхраната. Меѓутоа, се испостави дека тоа всушност е мит.

 

Германската докторка Урике Јуниус-Валкер, од германскиот институт за општа медицина во Хановер, објасни дека нашите нокти се состојат од дури 200 различни слоеви, од кои само 2 проценти во себе содржат калциум.

 

„Кога нешто во себе содржи само 2 проценти калциум, а е соочено со недостаток на овој минерал, е невозможно да дојде до сериозни дефекти“, тврди докторката.

 

Таа смета дека белите точки, дамки или линии на ноктите, најчесто се последица на депигментација, до што доаѓа при ситни повреди и оштетувања во некој од слоевите под плочката на ноктот и тогаш во таа област се создаваат воздушни џебови.

 

Иако, понекогаш недостатокот на калциум може да биде предизвикувач на дисколорација, но тоа е навистина ретко и не може да претставува доказ дека недостатокот на овој минерал е предизвикател на белите дамки.

 

Особено ако се знае дека само многу мал број на пациенти кои патат од недостаток на калциум во организмот имаат вакви симптоми на ноктите.

 

Сепак, ако оваа состојба потрае подолго од една недела – а не ги грицкате ноктите, ниту ги изложувате на гелови, лакови и останати средства за нега – задолжително консултирајте се со лекар, затоа што упорните линии на ноктите можат да укажуваат на многу сериозни проблеми со црниот дроб, како што се цироза, труење со тешки метали како арсен и олово, но и на симптоми на неизлечена бактериска или вирусна инфекција.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag