Дали вашите тестенини секогаш се лепат или се распаѓаат? Применете ги триковите на познатиот готвач и ќе бидат совршени, како од италијански ресторан!

popara25 јануари, 20241min00
Тестенини

Подгответе ги тестенините на овој начин и ќе добиете совршена паста, сите ќе бидат воодушевени од вашата вештина.

Тестенините не можат да бидат вкусни ако не сте ги зготвиле добро,ако се распаднат тогаш се премногу  сварени или се лепат. Но, можете да го спречите тоа. Важно е тестенините да се сварат во доволно голем сад и да се внимава на следните кулинарски трикови:

1. Тестенините ставете ги во тенџере само кога водата ќе зоврие.

2. Добро посолете ја водата пред да ги додадете тестенините, бидејќи ако не го направите тоа, јадењето нема да биде вкусно, а подоцна тешко ќе го надоместите.

3. Кога ќе ги додадете тестенините во водата, често мешајте. Почетокот на готвењето е критичното време кога тестенините најчесто се лепат.

4. Погрижете се сосот да биде готов кога тестенините ќе се сварат, па можете веднаш да ги измешате. Стоењето на тестенините во воздух ќе направи да се залепат дури и по готвењето.

testenina

5. Ако сфатите дека сосот за тестенини нема да биде готов на време, тогаш немојте целосно да ги цедите тестенините – ставете ги во цедалка, оставете поголем дел од водата да истече, но оставете мала количина течност, па вратете се заедно во тенџерето во кое претходно се вареле и покријте го. Така нема да се исушат додека не го соедините со сосот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag