Деми не е единствената славна личност која ги натера луѓето да се запрашаат дали има стареење наназад.Деми Мур е една од познатите личности чиј изглед будно се следи каде и да се појави.
Според фотографиите и видеата, навистина понекогаш е невозможно да се поверува дека актерката има 61 година, што го коментираше и една „тиктокерка“.
– Знам дека можеш да си ја продадеш душата само еднаш, но дали сте ја виделе Деми Мур во последно време? Таа изгледа прилично млада за некој кој има 61 година – започнува Кристина Гиа.
Стареењето не е ништо за срам и не треба ни најмалку да се крие. Мора да се признае, од холивудските познати личности секогаш се очекува да бидат на висина на задачата кога станува збор за изгледот.
Деми добро се грижи за својот изглед, но многумина се прашуваат како е можно нејзината кожа на таа возраст да остане без ниту една брчка. Како што наведува Кристина во виралното видео, јасно е дека лесно се довршува лицето, но необично е што 61-годишна личност нема брчки на кожата на деколтето или на рацете.
@proud_to_be_an_american3 Is #demimoore aging backwards #hollywood #hollyweird ♬ original sound – Christina Gia
– Изгледа како да е во 30-тите. Што прави таа? Дали пие некоја златна напивка или што? Едно време изгледаше како природно да старее и тоа е убаво. И сега изгледа одлично, но многу младо. Се прашувам дали таа е вистинскиот „Бенџамин Батен“ – вели таа.
Во коментарите многумина се согласија и ја отворија истата дискусија за други познати личности, како Бред Пит, Гвен Стефани, Опра, Кристина Агилера, па дури и Марта Стјуарт е енигма за нив.