Дали е безбедно да се капете со тампон? Многу жени имаат дилема околу ова

popara21 јули, 20241min00
Screenshot_12

На секоја жена барем еднаш ѝ се случило да добие менструација за време на годишниот одмор. Многу жени за време на овие денови повеќе би сакале да седат дома, а на многу пак воопшто не им се удобни тампоните или се загрижени за своето здравје.

 

 

 

 

Но дали навистина има простор за грижа доколку се бањате со менструација?

 

Според гинеколозите, сосема безбедно е да се бањате со тампон. Тампонот може да не го менувате и цело попладне. Сепак, препорачливо е да го менувате на секои 4 часа, бидејќи во спротивно можат да се појават проблеми, а за целосно да ги избегнете и да се чувствувате сигурно, најдобро е да го промените веднаш по излегување од вода.

 

Друго нешто на коешто треба да обрнете внимание е местото каде што ќе го менувате тампонот. Не заборавајте да ги измиете рацете пред и откако ќе го промените. За време на менструација женското тело е почувствително, па треба да внимавате на хигиената.

 

Иако бањањето во море е безбедно, гинеколозите предупредуваат дека постои разлика помеѓу влегување во море и базен.

 

Причината е што во базенот не можете да ја контролирате чистотата на водата. Неретко луѓето уринираат внатре, па можете да бидете поподложни на разни инфекции. Сепак, некои гинеколози сметаат дека и капењето во базен е безбедно.

 

Проблемите при користењето тампони се ретка појава, особено кај жените кои се навикнати на нив. Понекогаш може да се случи жената да го заборави тампонот или да не може да го извади. Во овој случај најдобро е да отидете на гинеколог кој ќе ви помогне да го решите проблемот.

 

Доколку сепак се чувствувате неудобно да се бањате со менструација, постојат и други решенија. Секако, прво, доколку можете, испланирајте го одморот така што нема да се поклопува со менструалниот циклус.

 

Ако пак немате флексибилни датуми, прашајте го вашиот гинеколог за лекови што можат да ја одложат или подранат менструацијата.

 

Воглавно, нема никаков простор за грижа за капење во оние денови, сè додека тампонот е чист и го менувате редовно и во чисти услови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag