Додека некои уживаат да спијат на големи и меки, или поцврсти и ортопедски перници, за некои перницата е излишна кога станува збор за добар сон и здравје.
Спиењето без перница има свои предности и недостатоци.
Во зависност од начинот на кој спиете, сосема е можно да ви биде удобно да спиете без перница. Поточно, ако сакате да спиете на стомак, спиењето без перница може да ви користи. Како што пренесува Healthline, спиењето на стомак го става вашиот ‘рбет во неприродна положба.
Спиењето без перница може да ја одржи главата исправена што може да го намали притисокот врз вратот.
Меѓутоа, ако спиете на грб или на страна, спиењето без перница може да направи повеќе штета отколку добро, па затоа најдобро е да користите перница за да го задржите ‘рбетот исправен.
Се на се, сè уште недостасуваат резултати од истражување во оваа област, па затоа е подобро да се консултирате со лекар пред да одлучите да спиете без перница, пренесува Нови лист.