Дали знаете зошто авионите се бели?

popara25 јуни, 20241min00

Повеќето авиони имаат декорации во вид на линии, букви, име на компанијата и тоа во различни бои, но бојата зад нив е речиси секогаш бела. Иако се чини чудно, за ова има издржани причини.

 

 

 

Белата боја е одличен рефлектор на сончева светлина и ја одбива речиси целата светлина што паѓа на него, за разлика од другите бои што ја апсорбираат.

 

Ако авионот е во друга боја ќе апсорбира сончева светлина при што телото на авионот ќе се загрее повеќе, а ова треба да се превенира да не се случи. Со рефлектирање на сончевата светлина се спречува постепеното загревање што е добро не само кога се лета, туку и кога авионот стои на пистата. Впрочем, тој се лади побрзо откако бил изложен на сонце. Одредени авиони пак, мора да имаат облога од бела боја за да се гарантира безбедноста на летот.

 

Авионите редовно се проверуваат за пукнатини, вдлабнатини, корозија или истекување на масло и слично, и белата боја овозможува полесно препознавање на овие штети. При несреќи полесно е да се лоцира ако е бел отколку во било која друга боја.

 

Фарбањето на авионот чини многу време, пари и работна сила, а повеќе боја значи и поголема тежина на телото на авионот што не оди во прилог на безбедното летање. Исто така, белата боја нема да избледи. Кога авионот лета на големи височини, изложен е на разни атмосферски влијанија. Ако е во друга боја, поверојатно е истата да избледе и да се оштети, што значи потреба за почесто обновување и трошење на време, пари и работна сила.

 

Сé на сé, белата боја не е случајност и има огромни научни и економски бенефити.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma