Дали знаете што значи правилото 7-7-7? Ја спасува секоја љубовна врска од пропаст, еве ја тајната

popara24 април, 20241min00
Screenshot_4

Една жена тврди дека правилото 7-7-7 е клучот за среќен брачен живот, особено ако имате деца.

 

 

 

На Instagram стана вирална објавата во која жената го објаснува правилото 7-7-7, со која собрала стотици илјади прегледи и коментари, а станува збор за систем на постапки во бракот, кој треба да го одржува на високо ниво и добар однос меѓу партнерот.

 

Во центарот на сè е бројот 7, односно три недели со кои можете да одржите среќен брак.

 

Кое е правилото 7-7-7?

 

Правилото 7-7-7 е едноставен збир на правила.

 

Имено, на секои 7 дена, парот треба да излегува на состанок, кој не мора да биде ексклузивен, тоа може да биде прошетка, вечера, кино, театар, одење во парк, каде и да сакате да одите.

 

Следно, на секои 7 недели треба да одвоите 24 часа само за партнерот и да му се посветите исклучиво на него. Тоа треба да биде еден вид авантура: патување, излет… Важно е тоа да не е нешто што го правите често или секој ден, како на пример да одите на шопинг или да ја чистите куќата.

 

На секои 7 месеци треба да одите на одмор без деца, односно да направите план како ќе уживате без стрес, на планина, во спа центар… Важно е да се поврзете како пар, не само како родители.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma