Дали кафето без кофеин е безбедно за пиење?

popara27 јуни, 20241min00
1700388601-milo-miloezger-rKYRJu0n06Y-unsplash-750x497

Кафето без кофеин често се рекламира како подобра алтернатива на традиционалното кафе, поради неговата минимална содржина на кофеин. Но, во последниве месеци се зголеми загриженоста за хемикалијата што се користи во подготовката на кафе без кофеин.

Зголемувањето на загриженоста за безбедноста на кафето без кофеин започна кон крајот на 2023 година кога разни организации како што е Фондот за заштита на животната средина (ЕДФ) започнаа петиции за забрана на употребата на метилен хлорид, пишува здравје.

Тоа е хемиско соединение кое често се користи во производството на кафе без кофеин.

ЕДФ наведува дека метилен хлоридот се покажал како небезбеден за употреба во прехранбената индустрија.

За што се користи метилен хлоридот во производството на кафе?
Научникот за храна Тејлор Валас објасни како хемикалијата се користи за отстранување на кофеинот.

„Зрната кафе прво се варат во топла вода, а потоа се мијат со метилен хлорид, кој селективно се врзува со кофеинот. Метилен хлоридот потоа се отстранува од зрната заедно со кофеинот“, објаснува Валас.

Валас потоа објасни дека зрната кафе дополнително се сушат и се пржат на температури околу 200 °C, за да се отстрани преостанатиот метилен хлорид. По овој процес, на кафето останува мала и занемарлива количина хемикалии.

Изложеноста на метилен хлорид на работното место претставува одредена опасност бидејќи може да доведе до зголемен ризик од некои болести.

Валас додава дека повеќето производители на кафе без кофеин внимаваат да го задржат нивото на метилен хлорид во нивните производи ниско.

Експертите дополнително нагласуваат дека дозите на ова соединение во готовиот производ се занемарливи и немаат конкретно влијание врз здравјето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma