Последната објава на социјалните мрежи на кралското семејство дополнително ги загрижи фановите на Кејт Мидлтон кои мислат дека ја кријат нејзината вистинска здравствена состојба.
По повод Денот на жената, кралското семејство објави честитка на социјалните мрежи, во која главната улога ја има принцезата од Велс, Кејт Мидлтон.
На нејзиниот профил беа објавени нејзини стари фотографии од стари кралски посети, а нејзините фанови дополнително ги загрижи и сигурни се дека палатата ја крие вистинската здравствена состојба на принцезата.
„Среќен меѓународен ден на жената! Го славиме влијанието на неверојатните жени денес и секој ден. Ова се само дел од брилијантните жени кои не инспирираа во изминатите 12 месеци“, стои во статусот придружуван на фотографиите.
Happy International Women’s Day! Celebrating the impact of amazing women today, and every day. Here are just a few of the brilliant women we’ve been inspired by over the past 12 months. #IWD2024
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) March 8, 2024
Сепак, неодамнешни фотографии од принцезата нема, а последната на која беше видена беше објавена во јавноста пред неколку дена, но после тоа почнаа да се шират теории на заговор.
Принцезата не е видена на ниту еден кралски настан откако се појави во црквата Сандрингем на Божиќ со Вилијам и нивните деца Џорџ, Шарлот и Луис. Поради ова почнаа да се шират заговори зошто таа всушност ја нема толку долго, па пред неколку дена Кенсингтонската палата ја објави веста дека е добро за да ги замолчи.