ДАЛИ МАСКАТА ЗА СПИЕЊЕ ГАРАНТИРА ПОДОБАР СОН? Еве што велат експертите

popara8 јуни, 20241min00
Screenshot_5

Спиењето е една од најважните алки во човековото здравје. Сепак, денес сѐ поголем број луѓе страдаат од недостаток на сон, поради што прибегнуваат кон маски за спиење.

 

 

 

Маските за очи се одлични за оние на кои им е тешко да заспијат и да спијат без прекини. Ако се одлучите да пробате маска за спиење, можеби ќе ви требаат неколку ноќи за да се навикнете. Нејзиниот единствен недостаток е, можеби, будењето наутро.

 

Имено, кога светлината ќе го допре окото, вашиот мозок ослободува хормони одговорни за будење на телото. А, ако носите маска за спиење, светлината не стига до очите, па будењето може да потрае некое време…

 

Маските за спиење можат да помогнат при појава на т.н. суви очи. Иако не помагаат во задржување на влагата, тие можат да го запрат протокот на воздух однадвор и да спречат понатамошно сушење на очите. Маската, исто така, помага да изгледате поодморено, оти спиете подобро.

 

Има и маски за спиење со арома-терапевтски својства. Тие содржат мириси како лаванда или камилица кои помагаат во смирувањето и намалувањето на чувството на стрес. (МИА)

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma