Најновите истражувања покажуваат дека покрај тоа што скршеното срце навистина боли, луѓето кои премногу патат може и да умрат.
Синдромот на скршено срце, според најновите американски истражувања, навистина може да предизвика смрт. Оваа појава е најизразена кај вдовиците и вдовците, а причината лежи во големиот емоционален стрес.
Во истражувањето учествувале 26.000 луѓе кои имале над 50 години. Се покажало дека 3 месеци по смртта на сопругот или сопругата, луѓето кои останале без својот сакан партнер имале 66% повеќе шанси да умрат со оглед на тоа што повеќето учесници во истражувањето завршиле трагично.
Според научниците, синдромот на скршено срце всушност претставува кардиолошка состојба во тек на силен емоционален стрес, а големата промена поради губењето на партнерот е силна подлога за оваа појава. Еден од истражувачите на студијата, д-р Кен Дока, кој е геронтолог од Њујорк напоменува дека резултатите не се изненадувачки со оглед на тоа што старите луѓе потешко ја поднесуваат депресијата и проблемите кои си доаѓаат со позрелите години.
Уште еден голем проблем кој се надоврзува на смртта на партнерот е самотијата која многу вдовци и вдовици тешко можат да ја поднесат. Ова е особено изразено кај мажите кои се жалат дека откако ја изгубиле својата сопруга, веќе никој не им доаѓа на гости, бидејќи порано жената била таа која на пример ќе ги поканела децата на ручек.
Причината може да биде и грижата за здравјето. Додека едниот партнер се грижел за болеста на другиот партнер, тој ја занемарил својата здравствена состојба.
Некои експерти велат дека причината е во промената на стилот на живеење. Порано, можеби двајцата партнери практикувале да одат на прошетка секоја вечер, можеби подобро спиеле или редовно ги земале лековите.
Со оглед на тоа дека студијата е правена со луѓе во позрели години, не е познато како смртта на партнерот влијае на младите. Сепак, од оние учесници кои учествувале во истражувањето, се покажало дека што се помлади, толку потешко ја поднесувале партнеровата смрт.