ДАЛИ ПУКАНКИТЕ ДЕБЕЛЕАТ? Овие факти за омилената ужина ќе ве изненадат!

popara4 февруари, 20241min00
7999ebe9c5052370fb92258eee3dff370dfbc8ed

Пуканките се една од најздравите и најпопуларните грицки, а изобилуваат со важни хранливи материи, но често ги подготвуваме со големи количини масти, шеќер и сол, што не треба да го правиме, доколку сакаме да ги искористиме нивните благодети на најдобар начин.

Поради оваа причина, важно е да ги подготвите на вистински начин, бидејќи тие можат да бидат и многу здрави и нездрави, во зависност од тоа како ги подготвуваме!

Според една статија на здравствената платформа Healthline, пуканките се всушност храна од цело зрно, што ги прави богати со важни хранливи материи.

Содржина на хранливи материи во 100 грама пуканки (приготвени без масло, во воздух):

Витамин Б1: 9% од препорачаната дневна доза
Витамин Б3: 14% од препорачаната дневна доза
Витамин Б6: 9% од препорачаната дневна доза
Железо: 18% од препорачаната дневна доза
Магнезиум: 34% од препорачаната дневна доза
Фосфор: 29% од препорачаната дневна доза
Калиум: 7% од препорачаната дневна доза
Цинк: 28% од препорачаната дневна доза
Бакар: 29% од препорачаната дневна доза
Манган: 48% од препорачаната дневна доза

Покрај тоа, има вкупно 387 калории, 13 грама протеини, 78 грама јаглени хидрати и 5 грама масти, како и 15 грама влакна, што е многу високо и ги прави феноменален извор на влакна.

Тие се богати со полифеноли, кои се антиоксиданси кои ги штитат клетките од слободните радикали, а се поврзани и со добра циркулација, подобрување на здравјето на дигестивниот систем и намалување на ризикот од многу болести.

Она што многумина ги интересира е дали пуканките дебелеат.

Со оглед на тоа дека се богати со влакна и релативно нискокалорични, имаат карактеристики на храна која е погодна за слабеење.

Сепак, умереноста е клучот.

Иако тие се добра ужина кога внимавате на вашата исхрана, тие можат да ве здебелат ако јадете многу од нив!

Исто така, пуканки во микробранова печка може да содржат некои хемикалии и трагови на транс масти. Честите начини на подготовка на пуканки, со многу сол и зачини, можат да донесат многу голем број калории, заедно со нездрави состојки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma