Дали сте за или против СЕКС НА ПРВИОТ СОСТАНОК? Еве што покажаа истражувањата

popara7 јуни, 20241min00
211405110762cc1a9a0fcac157397763_640

Мислењата за сексот на првиот состанок се многу измешани – додека некои не гледаат ништо ако двете страни го сакаат тоа, други тврдат дека тоа и дава до знаење на другата страна дека не сакате ништо повеќе од физички однос.

Сепак, новото интересно истражување на 2.000 возрасни Британци откри нешто сосема неочекувано. Откриено е дека сексот на првиот состанок води до 52 отсто поголеми шанси за долготрајна врска која трае две години или подолго.

„Чекањето“ до вториот состанок дава околу 15 проценти шанси за долга врска, покажа истражувањето, додека на третиот состанок шансите се намалуваат на 13 проценти.

Паровите кои чекаат еден месец пред да имаат секс имаат само пет отсто шанси да останат во долга врска, а по два месеци шансите се намалуваат на само два отсто. Првиот однос по три месеци врска сепак малку ги зголемува шансите за долга врска, на само три проценти.

Ако поминат четири или повеќе месеци пред парот да одлучи за прв пат да има секс, тогаш шансите за долготрајна врска се само два отсто, а ако издржите цела година пред да станете интимни во оваа смисла, шансите ќе се зголемат на осум проценти.

Ова необично истражување покажа дека сексот на првиот состанок не мора да ги уништува шансите за долготрајна врска, како што многумина мислат.

Но, без оглед на тоа што покажува истражувањето, единствената „правилна“ работа е да имате однос со партнерот кога и двајцата тоа го сакате.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma