Дали сте чуле за трикот на Клугер за совршени печени компири? Се што ви треба е една состојка

popara19 февруари, 20241min00
e37a0cd155b6177d81c6885780afe7368056b0c3

Печените компири се редовен гостин на нашите трпези, се најдобриот додаток за месо, риба, а понекогаш можете сами да ги јадете со добра салата или друг зеленчук. Она што е важно е однадвор да е крцкаво, а внатре меко и сочно… Но, тоа не се постигнува лесно.

Големите кулинарски мајстори имаат свои трикови со кои ова станува лесна задача, а тајната често е во некоја посебна, можеби неочекувана состојка.

Неодамна, познатиот готвач Ден Клугер, автор на книгата „Chasing Flavour: Techniques and Recipes to Cook Fearlessly“ ја откри својата тајна за совршено подготвени крцкави компири. Интересно е што неговиот метод е различен од сите за кои веројатно сте слушнале, но е уште поедноставен од другите.

Трикот на Клугер не бара многу работа – не бара да лупите, исечете или сварите компири. Тој претпочита да користи добро измиени нови компири и што е можно помали, за да не ги исече.

Суштината е во тоа што компирите се виткаат во снег од белки пред печење, што ќе им даде крцкава кора и ќе придонесе да бидат повкусни. Дури откако ќе се премачка со изматена белка треба да се зачини, па да се пече околу 20 минути на 200 степени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma