ДАЛИ ЦРВЕНИ ТОЧКИ НА КОЖАТА СЕ ОПАСНИ? Само во еден случај треба да посетите лекар

popara25 јули, 20241min00
Ангиом.

Доколку сте забележале црвени точки на телото, немате причина за грижа освен во еден случај,еве кога докторот треба да прегледа меланоми!

Ако сте забележале црвена точка на вашата кожа која досега не сте ја имале, не грижете се, тоа е ангиом – мал бениген тумор кој се состои од крвни садови и е целосно безопасен. Постојат неколку видови и може да се најдат насекаде на телото.Многу луѓе ги добиваат по триесетата година. Тие се претежно многу мали точки кои најчесто се наоѓаат на трупот, рацете и рамената, а жените можат да ги имаат и на градите. Тие се појавуваат поради промените на кожата и крвните садови кои доаѓаат со возраста. Во овој случај се работи за т.н ангиом во форма на минијатурна цреша.

Ако ангиомот изгледа како точка од која се разгрануваат крвните садови, тоа може да укажува на проблеми со црниот дроб, болести на циркулаторниот систем или хормонална нерамнотежа во телото. Овој тип се нарекува – пајак ангиом. Почесто се појавуваат во детството и за време на бременоста, а кога ќе се појават во голем број можат да предупредат на оштетување на црниот дроб.

Ако забележите дека црвената точка неочекувано се променила во големина, форма или почнала да крвари, контактирајте со вашиот лекар.

“Ангиомите не треба да се третираат освен ако крварат или пречат. Може да се третираат со електродесикација, течен азот или ласер. Сите три типа третман обично даваат добар козметички резултат. Електродесикацијата се состои од допирање на кожата со електрична игла и уништување на крвните садови.

Течниот азот е ладен гас кој се прска на кожата со пиштол за прскање или се нанесува со памук. Ласерот користи зрак на концентрирана светлина“, велат експертите од Американскиот остеопатски колеџ за дерматологија, истакнувајќи дека ангиомите понекогаш се повторуваат по третманот.

Најдобрата превенција на ангиомите е здрав начин на живот и урамнотежена исхрана. Јадете многу овошје и зеленчук и не заборавајте на здравите масти како оние од авокадото и маслиновото масло. Ова ќе и помогне на вашата кожа да остане млада и здрава, пренесува 24sata.hr.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma