Дали често ве мачи надуеност на стомакот? Овие 2 вкусни намирници брзо ќе го решат проблемот

popara27 март, 20241min00

Надуеноста и лошото варење се вообичаени непријатности со кои се соочуваат многу луѓе.

 

 

 

Меѓутоа, со внимателно избирање на храната што ја јадеме, овие симптоми и здравствени проблеми може да се ублажат.

 

Кога станува збор за надуеност и дигестивни проблеми, диететичарите Лорен Махесри и Лиза Ендрјус открија две од најдобрите намирници кои треба да ги јадеме почесто.

 

Малини

 

Малините се полни со диетални влакна, па затоа се одлично овошје за сите оние кои страдаат од надуеност и лошо варење. Тие се богати со растворливи и нерастворливи влакна и помагаат да се стимулира редовното празнење на дебелото црево и да се поддржи здравјето на дигестивниот систем.

 

Диететичарката Лорен Махесри истакнува дека малините се „едно од овошјата со највисок процент на влакна, со осум грама во само една шолја. Во споредба со дневната цел од 25 до 30 грама, малините се одлична ужина или додаток на појадок богат со влакна“. Махесри додава дека малините „го смируваат лошото варење и надуеноста бидејќи го намалуваат запекот, што е една од најчестите причини за овие проблеми“.

 

Грчки јогурт

 

Пробиотиците кои се наоѓаат во грчкиот јогурт помагаат да се одржи здрава рамнотежа на цревните бактерии, да се промовира нормалното варење и да се намали надуеноста.

 

Исто така, грчкиот јогурт обично содржи помалку лактоза од обичниот јогурт, што им го олеснува варењето на луѓето со нетолеранција на лактоза, пренесува She Finds.

 

Диететичарката Лиза Ендрјус ги коментираше придобивките од грчкиот јогурт. Диететичарката вели дека грчкиот јогурт е „лесен за варење и добар извор на протеини, калциум и пробиотици. Пробиотиците помагаат да се задржи цревниот микробиом непроменет и да помогне во варењето. Дури и оние со нетолеранција на лактоза можат да го толерираат грчкиот јогурт“.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag